ДУИ: Нашиот проект Коридор 8 се докажа и потврди како правилен и визионерски

од Nikola Popovski
19 прегледи

Демократската унија за интеграција цени дека продолжувањето на работите во Коридорот 8 дури и од страна на, како што велат, Владата без етнички легитимитет ја докажува и потврдува нивната правична и визионерска политика.

-Партиите кои денеска го величеа и се гордееа со проектот, вчера го критикуваа договорот и изградбата на Коридорот 8 со закани дека ќе го откажат, а денеска го нарекуваат и историски проект.

Граѓаните секојдневно ги чувствуваат придобивките од нашите политики и се убедени дека целиот политички лов на вештерки со клевети и конструкции беше измама за да се дојде на власт, дури и без етнички легитимитет.

Коридорот 8, иако го носи печатот на ДУИ, е на сите граѓани и апелираме тунелот од Гостивари до Букојчани да се реализира бидејќи тоа е најдобрата и најрационална опција за овој дел од Коридорот.

Исто така, предвидениот буџет за овој проект мора да се реализира како што е утврдено за да нема намерни опструкции и политички доцнења во реализацијата на проектот, стои во партиското соопштение на ДУИ.

Механизацијата на „Бехтел и Енка“ денеска почна да работи на делницата Гостивар-Букојчани. Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за транспорт, како и првиот човек на државни патишта, направија увид на градежните работи кои се дел од Коридор 8.

Мицкоски истакна дека ова е вистинкиот начин како се работи на терен, бидејќи после две години ветувања и најави, автопатот сега започнува реално да се гради. Тој потенцираше дека Македонија сака да ја види како главна транспортна, железничка и гасоводна крстосница во регионот.

Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трјановски истакна дека е забрзани се сите постапки за изградба и најави дека се очекува до Нова година комплетно да се заврши процесот на експропријација.

Слични содржини