ДУИ не се плаши од Таравари, вели потпретседателот на партијата, Бујар Османи за најавената коалиција меѓу Арбен Таравари и здружената албанска опозиција, како и блиските релации со косовскиот премиер Албин Курти. Според Османи, албанската опозиција се „деривати на ДУИ“, односно како што вели, сите тројца се поранешни функционери на ДУИ.
-Гаши е гласач на ДУИ, а овие двајца поранешни функционери и тие не можат тие да бидат промената. Промената може да ја нуди некој што е надвор од концептот на функционирање на ДУИ, кажа шефот на македонската дипломатија во емисијата „Студио 10“.
За партијата на Курти „Самоопределување“, Османи вели дека веќе била вмешана во земјава во неколку изборни циклуси, преку учество на митинзи и директна поддршка.
-Кај Албанците политичката сцена е консолидирана затоа што граѓаните очекуваат од политичарите да го оддржат зборот. Што можете да најдете кај ДУИ, нешто што има ветено, а нема реализирано. Нема такво нешто. Ветено-сторено. Тоа го ценат граѓаните. ДУИ остварува и не менува ставови на дневна основа, уверува потпретседателот на ДУИ.