ДУИ обвинува дека нема ниту еден унапреден Албанец во Централниот регистар

„40 унапредувања во Централниот регистар, нула за Албанците“, порачуваат од партијата од Мала Речица

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: Фејсбук/Али Ахмети

Демократската унија за интеграција објави податок дека имало 40 унапредувања во Централниот регистар, а ниту едно од нив не бил вработен кој што е од албанската заедница. ДУИ го смета овој развој како, што велат, сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции.

-Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок. ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба. Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат, порачуваат од партијата од Мала Речица.

ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.

-Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава, децидни се од таборот на Али Ахмети.