ДУИ очекува над 20 пратеници во следниот собраниски состав

од Nikola Popovski

Европскиот фронт синоќа до ДИК ги достави носителите на изборните листи и сите 120 кандидати за пратеници, информира потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми. Тој пред медиумите истакна дека уставните измени, евроинтеграциите, добрососедството, економскиот рамковен договор и борбата против корупцијата и организираниот криминал се клучните зборови на заедничката програма. Очекуваат најголема победа на изборите во историјата, односно, како што вели Адеми, плус 20 пратеници.

На прашањето зошто на пратеничките листи не се најдоа најголем дел од актуелните народни претставници во Собранието, Адеми одговори дека не се работи за незадоволство, туку едноставна одлука на партијата.

-Тоа е визијата на Ахмети за широк фронт. Каузата за која се бориме ние е многу поважна од позициите за пратеници која би можела да ги добие нашата политичка партија. Сите сме ја поддржале оваа кауза која е од 2001 година, кажа потпретседателот на ДУИ.

Слични содржини