17
„Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран ветинг за секој политичар“, повторија денеска во соопштение од опозициската ДУИ.
„Деновите поминуваат, а партиите од моноетничката влада, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години, останаа неми и се обидуваат да ја одвлечат темата со бесмислени соопштенија.
Ајде, веднаш да почнеме секој од политичарите да го приложи имотот и минатото пред меѓународна комисија за мониторинг за ветинг.
Додека тоа не го направите, вие сте само измамници кои се обидуваат да го крадат народот под слоганот „Фатете го крадецот“, додаваат од партијата на Ахмети.