ДУИ: Општина Чаир плаќа 60,25 денари за 250 мл вода за пиење

од Nikola Popovski
17 прегледи

Демократската унија за интеграција изрази дека со загриженост ги следи пишувањата на дел од медиумите во кои се наведува дека општина Чаир купува шишиња вода од 250 мл по цена од 60,25 денари за едно. Побараа поголема транспарентност за тоа како се трошат народните пари.

-Ова прашање предизвика бројни реакции во јавноста и ја зголеми потребата за целосна транспарентност во начинот на трошење на јавните пари. ДУИ бара од општинските власти да дадат јасно и неспорно објаснување за овој случај, да ги објават сите релевантни податоци и да го отстранат секој сомнеж за можни злоупотреби.

Во општина која веќе со години страда од урбаната мафија и хаосот кој го нарушува квалитетот на животот на жителите, секое сомневање за злоупотреба на јавните средства дополнително ја влошува состојбата и ја нарушува довербата на граѓаните во институциите.

ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност и отчетност и ќе продолжи да бара јасна одговорност и соодветни мерки за заштита на интересите на граѓаните, порачаа од партијата од Мала Речица.

Слични содржини