ДУИ утринава преку соопштение забележува дека Општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани, се претвори во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба. Според партијата, со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да му се отстапи место на нелегални и корумпирани градби.
-Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените и најнеливите општини во државата. Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што му се заканува на животот на жителите.
Ова е срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца.
Но надежта доаѓа. За само неколку месеци, ова зло што ја попречуваше иднината на Чаир ќе биде отстрането, и ќе се отвори ново поглавје исполнето со достоинство, зеленило и надеж за сите наши граѓани, стои во соопштението на партијата од Мала Речица.
Ова следува откако изби „војна“ меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу околу спорните објекти на територијата на скопската општина. Арсовска најавува дека продолжува со „ловот“ и детали за, како што вели таа, дивоградбите во Чаир.