ДУИ повторно ќе „трча“ со Арифи во Тетово

од Nikola Popovski
375 прегледи

Вечерва на состанокот на партиските структури на ДУИ во Тетово, а во присуство на лидерот Али Ахмети, со многу понизност, одговорност и посветеност на мисијата и патувањето што следи, го прифатив предлогот на огранокот на ДУИ во Тетово, за да бидам повторно кандидат за градоначалник на градот на претстојните локални избори, информира вечерва актуелната градоначалничка на градот, Теута Арифи.

Таа додава дека досега направиле многу за Тетово, но имаат уште многу работа заедно.

-Реализиравме булевари, воведовме јавен превоз, водовод, урбана и рурална патна инфраструктура, како и многу други проекти. Веќе осум години сум градоначалник на Тетово, проблемите и предизвиците ги знам подобро од кој било друг. Затоа знам што остана да направам. Научив дека оваа мисија не можеме да ја оствариме поинаку, освен заедно. Заедно со вас, заедно со нашите пријатели, со поддршка на централната власт, и со граѓаните“, наведува Арифи и додава:

-Овие избори не се за мене, овие избори се за нас. За нас како ДУИ, а уште повеќе за нас како граѓани на Тетово. Сега е време да го подготвиме Тетово за во иднина, со инвестиции во гасификација, со еколошка инфраструктура – модерно Тетово, што ќе не направи горди не само како метропола на регионот, туку и како чист и зелен град за идните генерации.

 

Слични содржини