„Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата“, велат денеска од партијата на Али Ахмети за економската ситуација во државата.
Според ДУИ, Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните.
Партијата предупредува дека во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и воопшто поскапување на животот на граѓаните, во државата нема функционално Министерство за економија кое се занимава со економската криза.
ДУИ ги информира граѓаните дека, доколку итно не се имплементираат предложените мерки, цените воопшто може да се зголемат за повеќе од 10%, што сериозно ќе ги оптовари семејните буџети во земјата.
„Оваа Влада нема соодветен капацитет да управува со кризи кои се случуваат дури и на илјадници километри од земјата. Поради тоа, Владата треба веднаш да го разреши министерот за економија, кој очигледно нема ниту визија ниту план за справување со економските кризи.
Уште еднаш ја повикуваме Владата сериозно да ги разгледа предлозите на ДУИ, кои ќе ја имаат нашата целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните се процесуираат и усвојат во Собранието“, велат од таборот на Ахмети.
За една недела ново поскапување на цената на горивата. Регулаторната комисија ги објави новите, повисоки цени на горивата и не е изненадување дека тие поскапувањата продолжуваат, ако се суди според случувањата во Блискиот Исток. Литар дизел од полноќ чини 20 денари повеќе отколку пред првото поскапување, а бензинот поскапува за седум денари.
По порастот на цената на нафтата, која достигна 105 долари за барел, неизвесноста од притисоци врз енергенсите е поголема, велат економистите.