ДУИ продолжува со кампањата за премиер-Албанец .
„Секогаш беше фактичка ситуација дека Премиерот на земјава ќе биде од кандидатите на СДСМ или ВМРО. Овој пат, за прв пат во нашата историја, е различно, се има избор.Овој пат граѓаните имаат три опции: Двајца кандидати Македонци од македонските партии или пак за прв пат во историјата еден кандидат Албанец за премиер на нашата земја, претседател на Влада кој ќе ги претставува не само македонските партии, туку премиер кој ќе ги претставува и Албанците граѓани и сите други во нашата земја, без разлика на нивната етничка припадност“, наведуваат од партијата од каде додаваат дека треба да му се стави крај на етничкиот македонски монопол врз моќта.
Од партијата на Али Ахмети посочуваат и дека албанскиот глас секогаш бил пресуден за политиката во земјава.
„На последните избори во 2016 година, ние Албанците ја донесовме промената и го избравме Зоран Заев за премиер иако граѓаните на тие избори гласаа и одлучија различно, а тој беше втор на тие избори. Овој пат, албанскиот глас исто така ќе биде пресуден. Но овој пат, ние Албанците, сите заедно, по изборите, ќе поддржиме наш кандидат за прв Албанец премиер на земјата“, порачуваат од ДУИ.
BDI: Erdhi fundi i monopolit politiko – etnik
BDI: Erdhi fundi i monopolit politiko – etnik dhe bardh e zi të postit të Kryeministrit.Koha për de-etnizim të monopolit përjashtues maqedonas sepse tash edhe shqiptarët Dalzotës në garën për kryeministër
Публикувахте от Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI в Петък, 12 юни 2020 г.