ДУИ РАСТРЧАНИ НА ТЕРЕН: „Не е толку Ахмети силен колку што македонските политички партии се слаби“

од Nikola Popovski
313 прегледи

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во синоќешното свое обраќање пред симпатизерите на партијата во Гостивар се задржат на борбата против корупцијата. Тој оцени дека власта не корумпира, туку стравот од нејзиното губење. -Наша мисија, наша задачи е да бидеме повеќе посветени, да бидеме поангажирани, не само на телевизиските екрани и тв дебатите, туку и со конкретна активност и посветеност во борба против криминалот и корупцијата бидејќи има и луѓе кои велат дека се плашат да не ја загубат власта, а потоа прават лоши работи. ДУИ затоа бара ветинг. Со него ќе престанат сите гласини и приказни. Со него ќе им дозволиме на правосудните органи да кажат кои се оние кои ја злоупотребуваат довербата. Сакаме правда, беше дециден Ахмети во својот говор.

Дел од аналитичарите сметаат дека ваквиот настап на Ахмети му дава голем комфорт со оглед на политичката ситуација во земјата. Политичкиот аналитичар Агим Јонузи во разговор за „Локално“ вели дека Ахмети има право да кажува што сака.

На прашањето дали изјавата на Ахмети за причините за корупција дека се поради страв од губење на власта и дали се насочени кон владеачките партии, Јонуз истакнува дека положбата и ситуацијата на ДУИ на политичката сцена му дозволува луксуз на лидерот на партијата да се потсмева.

-Не е толку Ахмети силен колку што се македонските политички партии се слаби. Ситуацијата доведе до тоа да македонските партии за преземање на власта се исклучиво зависни од војната во ДУИ и му дозволува на Ахмети сериозна комфортност да даде какви сака изјави, ни рече Јонуз.

Од друга страна, аналитичарот Бесим Небиу смета дека ваквата порака на Ахмети не е директно насочена кон СДСМ.

-Изјавата за корупција е првенствено до членовите на „Огнената група“ и е дел од отварањето на темата за корупуцијата во редовите на ДУИ, рече Небиу за „Локално“.

Агим Јонуз

 

Во ДУИ растрчани на терен

Излегувањето на партијата на терен и меѓу граѓаните во текот на викендот, аналитичарот Јонуз ја поистоветува со белградската фраза „мала бара пуно крокодила“.

-ДУИ во ниту една комбинација или постава не би постигнала поголема успех на политичката сцена од успехот кој во моментов го живее. Достигнувањето на ДУИ на политичката сцена доживува ренесанса и тешко е дека било која промена на составот кој тоа го прави, би донела нешто ново, поголемо или поинакво. Превирањата се исклучиво внатрепартиски водени од ѕвезди кои сметаат дека нивното место е потценето во партијата и дека нивното име сепак треба да биде на повисок пиедестал, кажа Јонуз.

Тој додава дека никаква промена или поделба која би резултирала со промена на составот на политичката сцена, смета дека не би постигнала апсолутно ништо.

За разлика од него, Небиу објаснува дека растрчувањето на партијата нема врска со евентуални предвремени избори.

-Се работи за внатрепартиска борба за превласт –  но во неа нема идеолошки или концепциски разидувања меѓу двете страни, затоа не мислам дека ќе влијае на математиката поврзана со предвремени избори. Ова експлицитно го разјаснија и двете страни изминатите денови, порачува соговорникот.

Бесим Небиу

Ахмети го предупреди ВМРО-ДПМНЕ за Левица

Лидерот на ДУИ упати и директна порака до ВМРО-ДПМНЕ да не помислува да прави мнозинство со Левица и да ја маргинализира ДУИ. Јонуз на тоа истакнува дека соработката помеѓу ВМРО и ДУИ не зависи од волјата на ДУИ, туку од волјата на граѓаните на изборите.

-ДУИ во сите комбинации ќе биде во власта доколку победи во албанскиот кампус. Партијата ја ужива комоцијата тоа што македонските партии за поголемо мнозинство во власта и за коалицирање, сепак зависат од ДУИ, додава аналитичарот.

Небиу пак ни појаснува дека се уште постои големо растојание меѓу двете партии со ваквите изјави.

-Мислам дека е порака дека сеуште постои голема дистанца меѓу ДУИ и ВМРО; и во случај на победа на ВМРО-ДПМНЕ, таа би имала проблем да формира коалиција во која би имала анти-западна и проруска партија каква што е  Левица, дециден е Небиу.

Во однос на изјавата на Ахмети дека „телевизиите Алфа и Телма се непријатели на Албанците“, аналитичарот смета дека тоа не е работа на лидерите.

-Во принцип, не е работа на политичките лидери во демократски општесттва да етикетираат медиуми. Дали еден медиум е добар, или лош треба да ценат граѓаните и новинарскиот еснаф . Политичките партии, посебни тие кои се 20 години на власт и претедендираат дека се залагаат за европски вредности, треба да се бават со своите перфоманси и успеси, а не со тоа кој медиум е каков, рече Небиу.

Н.П.

Слични содржини