ДУИ: Руски наративи се бранат од владини функционери, а Охридскиот договор е предмет на системска агресија

од Nikola Popovski
38 прегледи

Пред седум години, Преспанскиот договор го одбележа историскиот пресврт за Република Северна Македонија. Преспа ја претвори државата во регионален пример за решавање на сложени прашања преку дипломатија и го постави Скопје како платформа за дијалог и стабилност на целиот Балкан, велат од ДУИ преку соопштение.

Партијата критикува дека денес, седум години подоцна, „ја гледаме најтешката девалвација на тој капитал“. Според таборот на Али Ахмети, Владата, која, како што велат, треба да биде гарант на евростлантската ориентацијата на земјата, станува закана одвнатре.

-Руски наративи се бранат од владини функционери, се гласа против Украина, Додик се дочекува како почесен гостин, а Охридскиот мировен договор речиси една година е предмет на систематска агресија. Европската перспектива е замрзната, граѓаните се демотивирани и разочарани, илјадници ја напуштаат државата или бараат пат до Европа преку други пасоши, додека соседите чекорат напред во интеграциите. ДУИ ги повикува сите политички и општествени фактори да не дозволат овие тешко стекнати достигнувања да бидат избришани.

Денес, повторно мораме да избереме: ќе дозволиме ли оваа генерација да биде генерација на поништување, или ќе станеме глас за заштита на европската иднина, наведуваат меѓу другото од Мала Речица.

Слични содржини