ДУИ се подготвени за избори веднаш, но дека тие не се неопходни во време на криза

од Destan Jonuzi
167 прегледи

Партиите од парламентарното мнозинство инсистираат дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, како и за проширување на владината коалиција, бидејќи, како што велат, таа е стабилна. Во меѓувреме, од друга страна, опозициските партии инсистираат дека единствен начин да се спаси државата од економската и енергетската криза се предвремените парламентарни избори и нова влада.

– Сметам дека Владата има капацитет да се справи со сите овие прашања. Успешно се справивме со корона-кризата и успешно ќе се справиме сега, заедно со сите граѓани и нивните претставници во Собранието. Јас знам дека ДУИ за 15 октомври има најавено избор на претседателство, но нема никаква најава во моментов за какви било промени во владиниот состав, изјави Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува промени во владината структура по најавите на ДУИ за внатрепартиско реформирање.

Од ДУИ за „Локално“ велат дека тие се подготвени за предвремени или редовни парламентарни избори кога и да се одржат, и од истите како што нагласуват, тие ќе излезат како победници. „Во овие моменти на економска и енергетска криза Избори не се неопходни“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски појасни дека партијата донела одлука за поинаков пристап во однос на инсистирањето за предвремени избори во скоро време. Сепак, тој демантира дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа изборите да бидат во редовниот термин, пролетта 2024 година.
Тој не ја отфрла можноста за формирање на проширена коалиција меѓу сите парламентарни партии, но не како идејата на пратеникот и претседател на ДС, Павле Трајанов.

– Да ја формираме таа широка коалиција денеска и утре 120 пратеници да изгласаме распуштање на Парламентот и да закажеме предвремени парламентарни. Инаку, да кохабитираме во иста Влада не, тоа не, изјави Мицкоски.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари по средба со структурите на тетовскиот огранок изјави дека неговата партијата не планира да влезе во владата. Таравари рече дека периодов е фокусиран на преструктуирање на партијата.

– Ова е средба со структурите на тетовскиот огранок, редовна средба овој период, како прв човек на партијата практично ги посетивме сите ограноци, кажавме дека ќе се фокусираме на реконструкција на подограноците и заедно со Зиадин Села ги поминавме сите ограноци од Липкова до Струга и денес идејата беше да ги повикаме нашите активисти во Тетово, некои беа незадоволни, некои беа задоволни, а оние кои беа критични кон нас седнаа и разговаравме, изјави Таравари.

Таравари рече дека не се заинтересирани да влезат во владата. „Такво нешто нема, ние моментално ја организираме партијата каде што речиси секојдневно сме на терен на средба со структурите“ – рече Таравари.

И шефот на државата Стево Пендаровски во последното свое телевизиско гостување изјави дека ако парламентарните партиите обезбедат 61 пратенички глас во Собранието и се согласат да одат на предвремени парламентарни избори, тогаш за него тоа воопшто не проблем.

Д.Ј.

Слични содржини