ДУИ сè уште не одлучила дали ќе поддржи некого од претседателските кандидати

од Nikola Popovski
203 прегледи

ДУИ сè уште гради став дали и кого од претседателските кандидати ќе поддржи на 8-ми мај, рече министерот Бујар Османи одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција. За тоа кај кој кандидат ќе се прелеат гласовите од првиот круг на претседателските избори, во кои тој беше учесник, Османи рече дека тоа ќе се одлучи на ниво на „Европскиот фронт“, кој сè уште ги анализира резултатите.

Тој додаде дека за само два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски успеал да врати едно сеќавање кај секој Албанец од времето кога југословенски Белград велеше: „Независно од тоа што вие ќе посакате, Рахман Морина ви е тој што ќе ве претставува, а Морина цинично се смееше“.

Османи смета дека слоганот „Македонија повторно твоја“ е најшовинистичкиот и има за цел понижување и обид за омаловажување на секој граѓанин од заедниците кои низ годините ја имале истата судбина со Албанците.

Тоа го мобилизираше народот, така што веќе не е прашање на избори помеѓу „Европскиот фронт“ и „Вреди“, туку на мобилизација против обидот на рушење на достоинството на народите во оваа држава, зборувајќи за идна Влада уште пред да се изјасни народот на 8-ми мај.

Сето ова, вели Османи, ќе создаде една нова ситуација на 8-ми мај затоа што ваква мобилизација немал видено подолго време во политиката.

Слични содржини