ДУИ: „Шпицниот командант“ Мицкоски да одговори дали на своите градоначалници им забранил да соработуваат со Албанци

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Големиот „Шпицен командант“ Мицкоски во маскирна униформа и со празен калашников на фотографија од полагање заклетва пред жени и деца избегнува да одговори на конкретното прашање: Дали им дал јасна, строга и недвосмислена наредба на лидерите на општините да не соработуваат со Албанци, да не издаваат градежни дозволи на фирми во сопственост на Албанци и да не ги легализираат куќите на Албанците иако ги исполнуваат законските услови, прашуваат од ДУИ преку соопштение.

„Големиот „шпицен командант“ Мицкоски од опозиција продуцираше повеќе корупциски скандали отколку што имаше ВМРО кога беше на власт.

„Шпицниот командант“ е фатен на дело, што би рекла неговата градоначалничка Данела Арсовска.

Сепак, нашата најголема грижа и натаму е антиалбанизмот во ВМРО ДПМНЕ, кој претходното раководство на ВМРО го надмина, но Мицкоски во голема мера го врати, со протестите против албанскиот јазик, против албанскиот претседател на Собранието, на 27. април, со промовирање на меѓуетничка нетрпеливост и со неговите секојдневни лаги кон Албанците на високи позиции.

Тој е во мртва трка за антиалбанизам со Апасиев, кој веќе го надмина по рејтинг.

Затоа, неговите коалициски капацитети се НУЛА и веќе трипати ги излажа своите членови дека има 61 пратеник, се срами пред своите членови и пред целата јавност по ходниците на Собранието“, додаваат од ДУИ.