ДУИ го честита признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Според владеачката партија, признавањето на автокефалноста е од голема важност не само за нашата земја, туку и за стабилноста на целиот регион, бидејќи стави крај на долгогодишниот спор што создаде многу контроверзии кои ги потресоа темелите на мирот.
За ДУИ, по Охридскиот и Преспанскиот договор, и овој решен спор е пример за мирен протагонизам на двете страни во време кога демонстрацијата на такво нешто е повеќе од потребно.
-Една по една, со конструктивен и зрел пристап, се надминуваат сите пречки и се отвораат патишта кои гарантираат сигурна и прогресивна иднина на државата, велат од партијата од „Мала Речица“.
Српскиот патријарх Порфириј денеска од Скопје изјави дека СПЦ го благословува барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за автокефалност. Порфириј информира дека Светиот архиерејски синод на СПЦ едногласно одговорил на барањето на МПЦ и дека Соборот го благословува и одобрува барањето за автокефалност.
Пред пет дена двете цркви служеа заедничка архиерејска литургија на помирување во соборниот храм Свети Сава во Белград. Во Соборниот храм во Скопје, покрај голем број верници, присуствуваа и претставници на Католичката црква, голем број монаси и верници од другите градови.