ДУИ со следна визија и мисија – претседател на државата

од Nikola Popovski
378 прегледи

Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска изјави дека следната мисија на владеачката партија е претседател на државата. За неговата партија, назначувањето на Џафери за технички премиер е историски чекор ама од партијата на Али Ахмети, фрлаат око и на претседателката фотелја за шеф на државата.

-Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се направи вистински пуч. Но, кога беше избран по втор пат, тоа веќе не беше новост бидејќи беше скршен монополот за Албанец да биде претседател на Собранието. Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ, рече денеска Османи од Чаир.

Тој истакна дека „ова е визијата и мисијата наАхмети, кој како што сум кажал мандат по мандат, поглавје по поглавје, дел по дел го создава мозаикот на неговата визија“.

Слични содржини