ДУИ тврди дека Албанци се исклучуваат од комисиите во МОН и се заменуваат со Македонци

од Nikola Popovski
59 прегледи

Демократската унија за интеграција ја осудува, како што велат, неодамнешната одлука на министерката за образование да ги смени албанските претставници во различни комисии во МОН со македонски претставници. Според партијата, овој потег е јасен знак за етничка дискриминација и исклучување на Албанците од клучните позиции во одлучувањето.

Како што објавија од ДУИ, ова се дел од последните промени кои, како што обвинуваат, ја одразува оваа дискриминаторска пракса:

Џемиле Идризи е заменета со Кети Костовска
Џулијана Заири е заменета со Георги Панделиев
Сокол Ахмети е заменет со Верица Пауновска
Лаура Цана е заменета со Славица Мирчевска
Лиридона Буши е заменета со Даниела Граорска
Садете Рамадани е заменета со Билјана Трајковска
Нуран Кадриу е заменет со Анастасија Трајковска
Абаз Фетиши е заменет со Рајне Велиновска

„Целосното исклучување на албанските претставници од овие комисии не само што претставува јасен чин на етничка дискриминација, туку е и неуспех на нелегитимните албански претставници во владата да ги заштитат правата и интересите на Албанците во земјата. Ова е силен удар врз еднаквоста и праведното претставување на нашата заедница во државните институции.

ДУИ ќе преземе сите политички и правни мерки за да го оспори ова неправедно решение и да обезбеди враќање на праведното и пропорционалното претставување на Албанците, како што е предвидено со Уставот и Охридскиот рамковен договор. Повикуваме на разум да се престане веднаш оваа дискриминаторска пракса“, порачаа од партијата од „Мала Речица“.

Слични содржини