Секојдневната кампања на ВМРО ДПМНЕ против ДУИ, Претседателот Али Ахмети, како и други членови на ДУИ, преку константно креирање на лажни вести е обид да ги затскрие вистинските антиевропски и антиалбански мотиви на водството на ВМРО-ДПМНЕ, велат од ДУИ преку соопштение.
Партијата обвини дека градоначалникот на Бутел бара да се избришат имиња на улици „само затоа што се имиња на Албански дејци“.
-Мицкоски забранува издавање на дозволи за градби и легализации на албански фирми и сопственици, забранува да се дава работа на албански компании од страна на нивните градоначалници, бара моноетничка влада и вели дека никогаш нема да го смени Уставот и дека не го интересира што велат од Брисел и од Вашингтон за европскиот пат на нашата земја. Ова ВМРО ДПМНЕ е спаднато на историски најниското ниво без ниту една вредност и затоа нема доверба членството во нивниот претседател и во партијата, туку повеќе им веруваат на претходното раководство кое им носеше само победи, сметаат од ДУИ.
Истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е судски потврдено криминално здружение со лично признание на пола партија пред суд.