Демократската Унија за Интеграција ја поздравува и поддржува денешната транспарентна одлука на Владата за усвојување на пет закони и нивно поднесување до Собранието за понатамошно усвојување.
„Во законите, во ниту еден момент, во ниту една реченица, во ниту една бројка од сите пет закони, не се спомнува 60 часа работно време и затоа ВМРО ДПМНЕ ги лаже граѓаните.
Законите предвидуваат олеснување на процедурите за сите национални и стратешки проекти на земјата, е не само на изградбата на коридорите 8 и 10 – Д.
Законите овозможуваат поефитно и побрзо градење на автопатиштата со заштеда на над 150 милиони евра и две години побрзо завршување.
Блокадата на ВМРО и Левица ги чини граѓаните над 150 милиони евра само за овој проект и над две години подолга изградба.
Коридорите 8 и 10 – Д не се Скопје 2014 и Кинески автопат за да може некој да краде“, велат од партијата на Ахмети.