ДУИ: „Вреди“ и босот на урбаната мафија Изет МегаВин Меџити се ставија во целосна услуга на монополот на приватната српско-бугарска компанија

од Milan1
39 прегледи

Демократската унија за интеграција денеска соопшти дека открила „скандалозни податоци за најголемиот криминал во последната деценија преку злоупотреба и искористување на институциитe“.

„Коцкарскиот монопол во државата под контрола на српско-бугарската компанија „Казино Австрија“ го финансираше новиот директор на Лотаријата со над 140.000 евра, додека за себе имаат добиено над 100 милиони евра на сметка на државата и граѓаните. И, како што вели народот, не го прашувај, сам ќе каже. Во одбрана на приватната српско-бугарска компанија „Казино Австрија“, како што очекувавме, вредно излезе „Вреди“. „Вреди“ и босот на урбаната мафија Изет МегаВин Меџити се ставија во целосна услуга на монополот на приватната српско-бугарска компанија „Казино Австрија“ и директорот на лотаријата Александар Климовски во коцкарската индустрија бидејќи се финансирани од нивните валкани пари“, велат од ДУИ.

Во соопштението од партијата се додава дека „Вреди, Изет МегаВин Меџити и Арбен Таравари, именувале заменик-директор на Лотарија, не затвориле ниту едно казино, кладилница, слот клубови, дури ниту онлајн коцкањето, гласале против нивното затворање во Собранието и продолжуваат слепо да и служат на коцкарската индустрија“.

Слични содржини