Дујовски: 30 години немаме никакви односи и заеднички проекти со Руската федерација

од Nikola Popovski
293 прегледи

Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски во утринското интервју во Студио на Слободен печат, направи споредба на односите што Македонија ги има со САД и ЕУ и односите со Руската Федерација

„Доколку направиме еден сублимат на односите, ние 30 години соработуваме со САД и со ЕУ, прашање е колку од тоа сме успеале да искористиме, но факт е дека ние немаме речиси никакви односи со Руската федерација во овие 30 години. Освен протоколарните средби на амбасадорите, други конкретни активности не сме имале. Некои конкретни проекти не сме работеле. Во нашата армија и полиција немаме инвестирано речиси ништо што доаѓа или е поврзано со руската култура, руската традиција, со нивното уредување на нивните безбедносни служби и слично. Македонските безбедносни служби се градени по теркот на европските безбедносни служби. Ние сме членка на НАТО, разменуваме информации со Алинајсата на дневна основа и тоа се стотици информации добар дел од нив се и касифицирани“ посочи Дујовски.

Дујовски смета дека во Македонија има присуство на руско влијание, но тоа е значително помало отколку во соседните земји како Бугарија и Србија.

„Освен интернет просторот и некои суптилни влијанија можеби преку некои помали политички партии, нема друго присуство на Русија кај нас. За разлика од кај нас, во Србија доминираат темите со Русија. Таму во секојдневните политички емисии не можете да видите ништо друго освен силна наклонетост кон Русија“ посочи Дујовски.

Слични содржини