140
Со 64 гласа „за“ и еден „воздржан“, судијката на Апелациониот суд – Скопје, Елизабета Дуковска во рамки на денешната 106. седница беше избрана за судија на Уставниот суд.
Дуковска е родена на 30.07.1961 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а правосуден испит положила на 15.02.1990 година.
Дуковска доаѓа на предлог од Судскиот совет, а треба да го пополни испразнетото место од судијката Вангелина Маркудова чиј мандат истече на 7 декември 2022 година.
Во 2004 година е избрана за судија на Основниот суд Скопје 1, а од јули 2007 работела како стечаен судија во Основниот суд Скопје 2. Во 2009 година е избрана за судија на Апелациониот суд во Скопје.