Дуковски: Боки ќе oстане во притвор по секоја цена

од Берта Китинска
463 прегледи

По денешното рочиште за предметот „Рекет“, каде се слушаа разговорите  на бизнисменот Орце Камчев, Зоран Милевски – Кичеец, Катица Јанева и Бојан Јовановски, адвокатите на  обвинителката, Дељо Кадиев и  адвокатот на Боки, Сашо Дуковски дадоа изјави за медиумите.

-Овие докази иако беа побарани од наша страна не ни бе дадени ни од обвинителството ни од страна на судот. Со самото тоа беше отежната работата на одбраната. Никаква автентичност не може да им се даде на овие снимки бидејќи беа мешавина од повеќе разговори. По големо сомнение е веродстојноста на снимките и под какви околности се дадени изјавите, објасни адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, по денешното рочиште за предметот „Рекет“

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски објасни дека денешните разговори биле измешани без конкретни датуми.

-Во последниот фајл станува збор за разговор кој е наменет за бизнис план отварање на трговски центар,  овде не гледам причина за да се поткрене обвинение. Во врска со здравствената состојба на Боки мојот клиент никогаш нема да биде пуштен од притвор ниту од страна на Основниот кривичен суд ниту од Апелацискиот суд во Скопје.

Тој посочи дека истите органи на исти ден дале различни дијагнози во врска со здравјето на Боки 13.

„Во едниот се вели дека не е готов патохистолошкиот наод, а веќе во другиот се вели дека нема никаков малигнитет. Во цел негов живот не е прегледан од 16 доктори, кој стигнал ставил печат“, појаснува Дуковски.

Слични содржини