Дуковски за „Рекет“: Уште од самиот почеток знаевме дека ќе има ваква брутална казна

од Берта Китинска
417 прегледи

„Уште од самиот почеток на овој судски процес знаевме дека ќе има ваква брутална казна, немаше изготвено вештачење, а денеска судот се повикуваше на докази, за кои навистина не ми е јасно на кои докази се повикува“, изјави адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски.

Тој додаде дека борбата за правда нема да заврши овде.

„Ова е една голема конструкција каде има голема помош од извршителот кој влага и излага од притвор кога сака.  Се употребуваат двојни аршини“, изјави Дуковски.

На денешната пресуда за случајот „Рекет“, Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Пресудата е првостепена и осудените имаат право на жалба до повисокиот суд – Апелација.

Слични содржини