Дума со демант: Иако немам препорака за изолација, не одев на работа

од Берта Китинска
517 прегледи

Директорот на Универзитетска клиника за очни болести  д-р Христиjан Дума излезе со демат по повод натписите дека не ги почитувал препораките за изолација и ги ставил во опасност од зараза своите колеги и вработени во комплексот клиники.

„Евидентирам со е-маил во прилог на овој демант дека на 10 март, само 1 ден откако на мојата сопруга и беше одредена самоизлоација, писмено се обратив до ДСЗИ за да добијам насоки за мое понатамошно делување како здравствен работник и Директор на Универзитетската клиника за очни болести, со посебна напомена дека мојата сопруга веднаш се самоизолира во посебен стан на друга адреса. Насоката која ја добив од ДСЗИ ви ја пренесувам во целост:

„Според она што сте го презеле, постапено е правилно, односно сопругата е во самоизолација во друг стан. За Вас нема посебни препораки, како контакт од втора линија, се додека нема промена на Вашата здравствена состојба“

Тој забележува дека во официјалната меил комуникација, немам препорака за изолација.

„И покрај ова, но и покрај тоа што во тој момент мојата сопруга имаше негативен тест на Ковид – 19 , јас 10 дена не одев на работа за што може да посведочат сите мои колеги на очната клиника.Најодговорно тврдам дека мојата сопруга е во самоизолација на сосема друга адреса и точно 19 дена немаме никаков контакт, со што целосно ги почитуваме препораките од здравствените власти.Барам,Лидер и другите портали кои ја пренеле веста итно да ја повлечат и да се извинат за нарушување на мојата чест и углед. Јас како директор во здравствена установа, кој доследно ги спроведува барањата и препораките на моите колеги, сум вознемирен од ваквите клевети, пишува Дума.

 

 

 

Слични содржини