Дурант ќе преговара со четири екипи

од Vlatko K
184 прегледи

Повредената ѕвезда Кевин Дурант ќе се сретне со четири екипи кои сакаат да го привлечат како
слободен агент. Двократниот МВП на НБА финалето ќе ги слушне предлозите на неговиот сегашен
тим, Голден Стејт, како и на Бруклин Нетс, Лос Анџелес Клиперс и Њујорк Никс.

Воините“ можат да му понудат на Кеј Ди најдолг и економски најповолен договор – 221,3 милиони
долари во период од пет години. Ова значи дека крилото ќе прибира 44,3 милиони долари по
сезона, што ќе го прави најплатен во целата асоцијација.

Предноста на тимовите како Нетс и Никс е дека ако тие потпишат со Дурант, ќе имаат доволно
пари за да платат и втор слободен агент со максимален договор.

Во моментов, Дурант се опоравува од повреда на Ахиловата тетива, и има одлични шанси да ја
пропушти скоро цела следна сезона, без разлика кој дрес ќе го носи.