Дурловски: Ламбе се брани на улица

од Берта Китинска
365 прегледи

Оперскиот пејач Игор Дурловски му изрази поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски кој денеска беше приведен како осомничен за пожарот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Тој на социјалните мржеи порача дека Ламбе треба да се брани на улиците а не со постови на социјалните мрежи.

Aдвокатите Драган Пешевски и Јанаки Митровски се пријавија про боно да го бранат пејачот.

– Јас и Јанаки Митровски јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!, напиша адвокатот Пешевски на својот профил на Фејсбук.

Адвокатот Митровски напиша:„Под итно организација за одбрана на Ламбе!!!! Прв се пријавувам!!!“

Според Митровски Алабаковски не може да биде кривично гонет, туку само за материјална штета, зашто не предизвикал општа опасност.

„Клубот бил затворен и со тоа не е исполнето делото Предизвикување општа опасност, што значи ослободителна за Ламбе!“, смета Митровски.

Слични содржини