Илиевски и Дамовски се придружуваат на протестите за осудените за тероризам од 27-ми април

од Nikola Popovski

Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Игор Дурловски од граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ денес се огласија после неделните протести пред Собранието, во знак на поддршка за осудените за тероризам за настаните од 27-април.

Тие од паркот „Жена борец“ најавија дека се враќаат на улиците и се придружуваат на протестите.

„Предупредуваме дека борбата за вистината нема да престане. Ние ги организиравме едни од најмирните протести во историјата на земјата. Од нас како едни од иницијаторите, луѓето кои излегоа во неделата и покажаа дека и по сите овие години не се откажуваат од македонското достоинство, правда и слобода, го заслужуваат најголемото признание, благодарност и уважување, еднакво како и иницијаторите на протестите, а тоа се Македонците низ целиот свет“, рекол Илиевски.

Тројцата додаваат дека 4 години по немилите настани во текот на целиот ден, 27-ми април, наместо да сме поблиску до вистината за тоа што се случуваше, ние сме се подалеку од неа.

„Наместо соодветни квалификации за немилите настани и насилството, добивме монтирани срамни процеси за тероризам. Наместо правда, добивме судско-политички терор.  Во ниеден момент, во ниедно обраќање никој од Заедничка Македонија не повикал на насилство. Напротив, секогаш се повикувавме на Уставот и Законите на македонската република. Ниту еден член и директен учесник во организацијата никогаш и никаде немал ниту најмала дума дека ова треба да се разреши било како, освен на демократски начин, на избори. Силите кои ја искористија јасно искажаната граѓанска волја, и нивните медиски лакеи, сите распнати меѓу левите и десните интереси, се креаторите и на насилството и на неговото именување како тероризам“, велат од „За Заедничка Македонија“.

Слични содржини