Дувњак: Никој не верува дека штекерот го исклучил Филипче или дека Хасани го купил кабелот од пазар

од Nikola Popovski
560 прегледи

Ова е прв извештај на форензичарите на МВР, кој што дава само делумни одговори и од таму малку е чудна и избрзана одлуката на премиерот да пресече во однос на одговорноста, вели новинарката Гордана Дувњак за извештајот на ОЈО во врска со причините за трагичниот пожар во тетовската модуларна болница.

Според неа, допрва ќе треба да се анализираат и други извештаи, а треба да пристигне и вештачењето од германските форензичари.

-Го дознавме извршителот, но не и организаторот и мотивот, да се изразам со речник на полицијата. Да се разбереме, никој не верува дека штекерот го вклучил или исклучил Филипче или дека заменик-министерот Хасани од пазар го купил продолжителниот кабел. Затоа е побитно што допрва ќе се дознае, а тука останаа отворени и други прашања, вели Дувњак.

Слични содржини