Двајца Украинци нападнати на „Ленинова“

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Синоќа во објект на ул. „Ленинова“ биле нападнати двајца Украинци.

-На 22.12.2022 во 23.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ул. „Ленинова“, едно машко лице со остар предмет ги нападнало К.Т.(27) и К.А.(27) од Украина, по што им одзело лични предмети, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини