Два бели лава од Франција ќе дојдат во скопската зоолошка

од desk2
132 прегледи

Во текот на месецов во Скопската зоолошката градина ќе пристигнат нови животни.

Станува збор за бели лавови од кои едниот е мажјак стар три месеци и женка стара три години кои ќе бидат донесени од зоолошка градина во Франција.

Како што изјави директорот на Скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, за нив се реновира постојното живеалиште за лавови.