Два брода се судриле во близина на германскиот брег, еден ВЕДНАШ ПОТОНАЛ

од Stefanija Kuzmanovska

Два брода се судриле во Северното Море во близина на германскиот брег, од кои еден веднаш потонал.

„Дејли мејл“ пишува дека во близина на Германија се судриле два брода. Еден потонал веднаш по судирот, а неколку лица се водат како исчезнати.

Во раните утрински часови, на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголенд, се судриле „Полези“ под бахамско знаме и „Верити“ под британско знаме.

Потонал бродот „Верити“.

Соопштено е дека едно лице е извлечено од водата и укажана му е лекарска помош, додека спасувачите трагаат по уште неколку лица. Бродот тргнал од Бремен, Германија кон пристаништето Имингем, Велика Британија.

Слични содржини