Неправдата може да биде едно од најтешките чувства за поднесување, особено кога станува збор за ситуации кога се чувствуваме немоќни.
Некои луѓе едноставно не можат да останат смирени кога ќе бидат сведоци на нефер третман, било кон себе или кон другите. Нивното силно чувство за правда ги тера да застанат во одбрана на слабите и да го исправат она што тие го сметаат за погрешно. Не можат да ги затворат очите пред неправдата.
Според ѕвездите, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци:
Овен
Ако има некој кој прв ќе скокне во акција кога ќе почувствува дека нешто не е фер, тоа е Овенот. Овој огнен знак е вистински борец, роден да се соочува со предизвици и непријатели, па неправдата е како црвена крпа за бик.
Овните не се колебаат – штом забележат дека некого не се однесува праведно, веднаш го креваат својот невидлив меч и тргнуваат во битка. Овенот нема трпение за двоумење или филозофирање за тоа кој е во право. За нив сè е многу едноставно: или нешто е фер или не е, а ако не е, веднаш ќе застанат на првата линија на одбраната.
Зошто Овенот не поднесува неправда? Затоа што во крвта му е да се бори за она што го смета за правилно. Неговата енергија доаѓа од потребата за акција, а без разлика дали се работи за мало недоразбирање или голема неправда, Овенот секогаш ќе биде тука, подготвен да го крене гласот. Нивната сила доаѓа од верувањето дека светот е место каде што храброста и интегритетот секогаш мора да се бранат, без разлика на цената.
Вага
Од друга страна, Вагата е знак кој живее за рамнотежа и хармонија. Меѓутоа, ако има нешто што може да ја исфрли оваа мирна и урамнотежена личност од колосек, тоа е очигледна неправда. Вагите се родени дипломати на Зодијакот, а нивната животна мисија е да воспостават правда каде и да можат.
Нивната потрага по хармонија често ги доведува до ситуации кога треба да ги одмерат двете страни, да анализираат и да го најдат најдобриот начин. Но, ако една Вага види дека некој се однесува неправедно, нејзиниот внатрешен компас за правда веднаш реагира.
Зошто Вагата не трпи неправда? Затоа што верува дека секој заслужува фер шанса. Вагите имаат вродено чувство за правда и рамнотежа, така што идејата некој да биде запоставен или повреден е едноставно неподнослива. Нивната реакција на неправдата е често посуптилна од онаа на Овенот – Вагите нема да викаат и да се лутат, туку мудро ќе ги вложат своите дипломатски вештини за да го вратат редот во светот.
Додека Овенот користи оган, Вагата користи рамнотежа за да ја исправи грешката.