Два земјотреса ја погодија Италија во рок од неколку минути.
Земјотресите се регистрирани во близина на градот Месина на Сицилија. Првиот земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во 6 часот и 7 минути, а вториот, послаб, два степени според Рихтеровата скала, следел неколку минути подоцна.
Земјотресите се регистрирани на длабочина од 19 и 24 километри.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.