Почетна / Хроника / Дваесет годишно момче загина во сообраќајка во Кавадаречко

Дваесет годишно момче загина во сообраќајка во Кавадаречко

Момче загина во сообраќајна несреќа во Кавадаречко околу 4:00 часот изутринава, информираат од МВР.

– Сообраќајката се случила на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, патничко моторно возило „Форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.М. (20) од село Возарци-кавадаречко, излетало од патот, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

На лице место биле и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

loading...