Дваесет и седум повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани започнаа рехабилитација во Општата болница во Кочани, каде што се третираат вкупно 38 млади лица. Тие се распоредени на одделенија за неврологија, хирургија и физикална терапија, а нивната здравствена состојба е стабилна.
Во болницата е ставена во функција и хипербарната комора, која е добиена како донација. Оваа терапија ќе помогне во брза ревитализација на кожата со изгореници и третман на интоксикација предизвикана од чадот. Еден час во хипербаричната комора заменува 7 до 10 дена престој на планина.
Во меѓувреме, се одвиваат и обуки за медицинскиот персонал од штипската Клиничка болница, кои ги реализираат експерти од Велика Британија и Шпанија со искуство во третирање на изгореници и фрактури.