89
Главниот обвинител на Џенова во четврток соопшти дека 20 луѓе се водат за исчезнати под урнатините на мостот што падна, покрај 39 лица за кои е потврдена смртта.
Спасувачите трагаат низ тони бетон и други урнатини од падот на мостот во вторникот.
Главниот обвинител Франческо Кози денеска изјави дека „меѓу 10 и 20 луѓе се водат како ислезнати“.
Министерот за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека е тешко да се одреди точната бројка затоа што некои за кои нивни семејства јавиле дека се исчезнати може да стигнале до своите дестинации, но не контактирале никого во последните денови пренесе Associated Press.