31
На 06.05.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(18) Ј.Д.(18) и еден малолетник, сите од Битола.
Тие се сомничат дека извршиле девет тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.