На последниот ден од 2024 година, полицијата фатила две лица со речиси 13000 парчиња петарди и пиротехнички средства. Како што информира МВР, двете лица се од Скопје.
-На 31.12.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје. Кај Џ.А, на импровизирана тезга, пронајдени се 8598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4641 пиротехнички средства.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението од скопската полиција.
На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет.
Во Скопје, петарди и други многу помоќни пиротехнички средства ги вознемируваа граѓаните во текот на новогодишната ноќ, па оттаму на социјалните мрежи се жалеа на хаосот што се предизвикува.