Двајцата ранети пред тетовската болница однесени во Клиничкиот центар во Скопје

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Двете лица кои беа ранети околу 18 часот пред тетовската болница се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Според првичните информации, станува збор за двајца браќа од Гајре.

СВР Тетово информираше дека околу 18 часот и 5 минути е пријавено пукање пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница, при што две лица од тетовското село Гајре, се здобиле со прострелни рани.

-Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето, информира СВР Тетово.

Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

Слични содржини