317
Гостиварското ОЈО поднесе обвинение против двајца браќа, на возраст од 49 и 45 години за кривично дело насилство, кои на 8 oктомври минатата година, во група заедно со други засега непознати луѓе, физички нападнале две лица во Гостивар.
Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото.
Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања.
Настанот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото.