264
Целата индиска делегација на самитот на Г7 во Лондон е во самоизолација, откако нејзини двајца члена беа позитивни на коронавирус, соопшти денеска британската влада.
„Двајцата делегати беа позитивни, па сега целата делегација е во самоизолација“, рече британскиот официјален претставник, пренесува Хина.
„Средбата беше овозможена со строга серија протоколи за ковид-19, вклучително и секојдневно тестирање на сите делегати“, додаде тој.