Двајва граѓани на Скопје пријавиле дека во средата денски биле искасани од кучиња на плоштадот „Македонија“ и кејот „13 Ноември“ во Скопје.

Имено, во средата во 11.15 часот во Полициската станица Центар А.П.(60) од Скопје, пријавил дека на 25 декември 2018 година околу 11.30 часот додека возел велосипед на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче- скитник за десната нога.
Истиот ден, во 11.25 часот во Полициската станица Центар Р.З.(55) од Скопје пријавил дека ден претходно околу 12.45 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче-скитник во пределот на десната надколеница.