Двајца Кубанци преку Македонија се обиделе нелегално да влезат во Грција

од Берта Китинска
184 прегледи

Синоќа во 02.40 часот, полициски службеници спречиле нелегално минување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција на лицата В.Д.(29) и М.Б.Ј.(23), двајцата од Куба. Од извршените проверки било утвдено дека тие имаат остварено нелегален влез во државата, велат од полицијата.

По преземени мерки на лицата им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влегување во Република Македонија.