Двајца мажи совладале напаѓач иако биле повредени

од Берта Китинска
203 прегледи

Двајца мажи успеале да совладат 44 годишник кој претходно прво нападнал и ограбил 69 годишник, па со нож ги повредил и нив. Настанот се случил вчера утро на улицата „29 Ноември” во Тетово.

– Полициски службеници од Полициска станица Тетово го лишиле од слобода О.Ф.(44) од Тетово затоа што околу 08.00 часот од Х.Н.(69) од Тетово одзел пари и со остар предмет повредил две лица кои го спречиле да побегне. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.