Двајца прилепчани сакале да преминат граница со лажни ПЦР тестови

од Берта Китинска
192 прегледи

Од МВР информираа дека двајца прилепчани приложиле двајца лажни ПЦР тестови на граничниот премин „Деве Баир“.

-Вчера во 12:20 часот, на Граничен премин „Деве Баир“, на  излез од Република Македонија, И.Б.(50) и Ф.Т.(35), двајцата од Прилеп, приложиле негативни ПЦР тестови, а по извршени проверки било утврдено дека тестовите не се издадени од соодветната лабораторија и истите се одземени за понатамошна постапка, соопштија од МВР.