
Две лица се убиени при вооружена пресметка во менувачница во скопската населба Кисела Вода.
Неофицијално, двете лица се убиени при обид за грабеж на менувачница која е лоцирана на булеварот „Борис Трајковски”, кај Чешма во Кисела Вода.
Според првичните информации, лицето во менувачницата најверојатно извадило оружје и ги убило разбојниците.
Пред менувачницата во моментов има големо полициско обезбедување и три амбулантни возила.