Двајцата од „Битлс“ со заеднички настап (видео)

од desk4
135 прегледи

Двајцата живи членови од легендарната поп-група „Битлс“, Пол Макартни и Ринго Стар со заеднички настап синоќа во Лос Анџелес го одбележаа крајот на светската турнеја на Макартни, „Freshen Up“.

Стар беше специјалното изненадување на концертот. Дуото се прегрна, разменија неколку зборови, по што Ринго се упати кон тапаните и заедно ги изведоа хитовите „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band” и „Helter Skelter”.