Популарниот американски актер Двејн Џонсон ги купил сите чоколадни плочки „Сникерс“ во една продавница на Хаваи.
Причината за купувањето на околу сто чоколади не е тоа што сака да ги јаде, туку да ја поправи својата грешка од младоста.
Како четиринаесетгодишен тинејџер, Двејн живеел на Хаваи и секој ден крадел Сникерс чоколатца на пат кон теретаната каде што вежбал.
Неговото семејство било многу сиромашно, па немал пари за да ги купи.
„Не можеме да го промениме минатото и не можеме да промениме некои од глупавите работи што сме ги направиле, но понекогаш можеме да направиме нешто за да се искупиме за лошите дела и да ги насмееме странците“, вели Џонсон.
View this post on Instagram
Освен чоколадите, актерот ги платил и сметките на сите луѓе кои случајно се нашле во продавницата.